26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени награди за најдобри општествено одговорни практики на фирмите

Доделени награди за најдобри општествено одговорни практики на фирмите

 

Повеќе компании денеска добија статуетки, плакати и благодарници за практикување општествена одговорност на која се повеќе се посветени и малите и средни претпријатија. На овогодишниот конкурес беа пријавени 15 проекти на 13 мали и средни претпријатија и 23 проекти на 12 големи претпријатија.

За категоријата животна средина беа доделени четири статуетки за проектите „Биди супер херој“ на „Елкоелект“, „Хокус покус-рециклирањето е во фокус“ на „Пакомак“, како и „Најголемата внатрешна градина во Европа“ на Адора инженеринг“ и проектот „За чист град пазари со нашата Мастеркард“ на „Охридска банка“. Во категоријата однос кон вработените со статуетка е наградена ЕВН Македнија за проектот „ЕВН Волонтира“, „Шпаркасе банка “ во категоријата односи на пазарот, а за вложување во заедницата добитници се проектите „Хуманитарна акција на уметнички дела“ на Универзитетот американ колеџ Скопје, „Чист воздух – здрави деца во Битола“ на „Интервеоркс“ ДООЕЛ Битола и „Пријателство со специјална олимпијада Макеоднија“ на НЛБ Банка.

Признание за најинвентивна практика доби ЕВН Македонија со проектот „ЕВН волонтира“

Според министерот за економија Крешник Бектеши, деловната заедница во Македонија станува комплетно свесна дека секоја водечка компнија треба да биде општестевно одговорна.

– Тоа е во интерес на претпријатијата. Општествената одговорност обезбедува важни придобивки за компаниите во управувањето со ризикот, заштедите на трошоците, пристапот до капитал, односите со клиентите, управувањето со човечки ресурси и нивната способност за иновации, рече Бектеши на доделувањето на традиционалната национална награда за најдобри општетсвено одговорни практики на македонските претпријатија.

Целта на доделувањето на наградата, што се доделува во изминатите 11 години, е да се истакнат добрите примери на општествено одговорно однесување на домашните фирми и да послужи како инспирација и на други компании да применат фер практики кон животната средина и социјалното опкружување.

– Годинава првпат има одлични апликации во категоријата однос кон вработените, од аспект на тоа дека беа темелно спроведени во форма на долготочни практики, а не само на ад хок иницијативи и се надевам дека валквата пракса ќе рподлжи и во иднина. Мора да ги охрабрам компаниите повеќе да се трудат во смилсување иновативни практики пред се во категоријата етичко управување кое според светските исускта покажуваат дека може да поридонесе и за добро работење на претпријатијата во однос на моралните принципи но и во однос на подбрување на профитот, рече Александар Николов, претседател на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Во изминатите 11 години 180 македонски претпријатија пријавиле 580 општествено одговорни практики со кои ја покажале својата посветеност кон подобрување на своето влијание врз општеството и животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП