25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзречени 19 парични казни за отпад и 15 опомени за палење оган...

Изречени 19 парични казни за отпад и 15 опомени за палење оган во Општина Аеродом

Инспекторите во Општина Аеродром, во текот на месецов изрекле 19 парични казни во висина од 50 евра за фрлање ѓубре на јавна површина, како и за изложување земјоделски производи на јавна површина.

Исто така, имало и три интервенции за палење оган на јавна површина, од кои една во Долно Лисиче и две на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. За палење оган, велат од Општината, се изречени и повеќе од 15 опомени.

Инспекциските служби во текот на ноември извршле и мерење бучава на две локации, од кои на едно место е изречена и парична казна за надминување на дозволената граница на бучава.

Инспекциската служба на Општина Аеродром од 1 ноември го продолжи работното време до 22 часот секој работен ден. Инспекторите работат во две смени и вршат секојдневни контроли на целата територија на општината од областа на животната средина, загадувањето на воздухот, несовесно фрлање шут и отпад и други нерегуларности.

Службите се дежурни и во викендите, а граѓаните своите забелешки можат да ги пријават на дежурниот телефонски број 075/316-515.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП