28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSalesforce изненади со подобриот профит од очекуваниот

Salesforce изненади со подобриот профит од очекуваниот

Американската софтверска компанија „Salesforce“ – најдиректен конкурент на германската „SAP“, забележа сериозен раст на цената на акциите, откако нејзиниот профит и фактурираните суми се покажаа над прогнозите на аналитичарите. Ова сугерира дека „топ“ производите на компанијата – за финансиски услуги и здравствена заштита – ќе помогнат да го задржи нејзиниот брз раст, објави „Bloomberg“.

Фактурираните износи, метриката за тоа колку се добри за продажбата, се зголеми за 27 отсто во фискалниот трет квартал до 2,89 милијарди долари, покажуваат податоците на „JMP Securities“. Аналитичарите очекуваа 2,68 милијарди долари. Приходите скокнаа за 26 отсто на 3,39 милијарди долари.

Во фискалниот четврти квартал приходите од продажба на компанијата со седиште во Сан Франциско, која се смета за пионер во областа на облачниот софтвер, може да достигнат 3,56 милијарди долари. Прогнозата на аналитичарите е 3,53 милијарди долари, според податоците собрани од „Bloomberg“.

Приходите за фискалната 2020-та година може да надминат 16 милијарди долари, поставувајќи ја компанијата на пат кон остварувањето на годишната цел за продажба од 23 милијарди долари до 2022-ра година. Оваа цел беше објавена од двајцата главни извршни директори Марк Бениоф и Кит Блок.

„Salesforce“ троши многу за да ги одржи своите добри перформанси, што резултира со 32% зголемување на вкупните оперативни трошоци во третиот квартал. Меѓународните експанзии и превземања остануваат меѓу главните приоритети.

Акциите на компанијата забележаа пораст од 8,2 проценти за време на берзанската трговија. Тие го завршија денот по цена од 127,54 долари во Њујорк. Иако акциите загубија повеќе од една петтина од вредноста од почетокот на распродажба на акциите на технолошките компании од октомври наваму, тие сепак се радуваат на 25% раст за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП