19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе го гарантира заемот за набавка на еколошки автобуси за Скопје

Владата ќе го гарантира заемот за набавка на еколошки автобуси за Скопје

Владата на вчерашната 105. седница го усвои предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП), кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Вкупниот износ на проектот е 12 милиони евра, од кои 10 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБОР, а 2 милиона евра ќе бидат обезбедени од буџетот на ЈСП „Скопје“. За средствата во износ од 10.000.000 евра заемопримач ќе биде ЈСП „Скопје“, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција.

Оваа одлука Владата ја донесе тргнувајќи од состојбата со возниот парк на ЈСП „Скопје“ како исклучително скап за одржување и кој е еден од факторите за загадување на животната средина, односно на воздухот во градот. Со предвидената набавка се планира да се набават нископодни автобуси, кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП