27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја повикува Швајцарија да се откаже од банкарските тајни

ЕУ ја повикува Швајцарија да се откаже од банкарските тајни

shvajcarskabanka1

Претставниците на Европската унија задолжени за даночна политика се обиделе да ја убедат Швајцарија да се согласи да ги предаде дополнителните информации за своите банкарски клиенти, во рамки на борбата против даночното затајување.

Состанокот на европскиот комесар за даночна политика, Алгирадас Семет и швајцарската министерка за финансии Евелин Видмер Шлумф доаѓа во момент кога прашањето за борбата против даночното затајување би требало да се најде на дневен ред на самитот на Групата 8 најразвиени земји во светот, кој се одржува во Северна Ирска.

„Ширум светот е јасно дека на периодот на банкарска тајност му дојде крајот“, рекол Семет.

„Швајцарија може да оствари корист од силниот даночен договор со ЕУ, чиј клучен дел е автоматската размена на информации. Тоа би бил одличен показател дека Швајцарија ја поддржува праведната игра“, додал тој.

Швајцарија, како најголем светски оф шор финансиски центар, се наоѓа под притисок од ЕУ и САД да стави крај на банкарската тајност, во рамки на борбата против затајување данок.

Во последните неколку месеци, ова прашање дополнително стекна значење, бидејќи американските власти се закануваа дека ќе ги казнат швајцарските банки, еден француски министер поднесе оставка поради неговата сметка во Швајцарија, а претседателот на фудбалскиот клуб Баерн Минхен призна дека избегнал плаќање данок благодарение на една швајцарска банка.

Министерката Видмер Шлумф соопшти дека швајцарската влада најверојатно на есен ќе започне формални разговори со ЕУ и дека ќе се заложи за усвојување на глобалните стандарди во врска со рамената на информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП