12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот загуби една третина од вредноста за седум дена

Биткоинот загуби една третина од вредноста за седум дена

Слободниот пад на биткоинот изгледа нема да заврши наскоро.

Дигиталната валута продолжува да поевтинува, а нејзината цена веќе е под прагот од 4.000 долари. Во неделата нејзината вредноста падна до 3.475 долари, по што забележа благо закрепнување.

Утрово околу 10 часот по македонско време, дигиталната валута се тргуваше за 3902,99 долари.

Доколку продолжи падот значи дека биткоинот ќе изгуби речиси една третина од вредноста само во рок од седум дена, објави „Wall Street Journal“. Тоа е и еден од најголемите падови досега. Дигиталната валута забележува пад од 80% во однос на највисоката вредност од 20.000 долари на крајот на минатата година.

Падот е во истиот обем како 93-процентниот пад во 2011-та година и оној од 2013-та година до 2015-та година во износ од 84%, посочува „Bloomberg“.

Голем дел од шпекулантите го напуштаат пазарот, за што зборува намалениот обем на трговијата. Во исто време поделбата на биткоинот на помалата валута „Bitcoin Cash“ предизвика нови стравувања на пазарот.

Наспроти оваа позадина се појави и нова закана пред цената на валутата – „рударите“ кои преку решавање на сложени равенки генерираат нови биткоини, почнуваат да губат интерес. Големината на напорите применети од рударите, за извршување на одредена задача (хаш-рејт) се намалува.

Тие беа во подем во поголем дел од годината, дури и кога цената на криптовалутата се намалувше, што за возврат беше сигнал дека интересот кон добивката останува присутна, а луѓето се оптимисти за обновата на цените. Во последните недели сепак вредностите на „хаш-рејт“ се намалуваат според компанијата за податоци „Blockchain Ltd“. Тоа значи дека помалку рудари се активни во мрежата за екстракција.

„Цената на биткоинот секогаш е предводена од интензитетот на понудата и побарувачката“, посочува Едит Јунг, партнер во „500 Startups“. „Ако „рударите“ престанат да копаат, биткоинот нема да функционира и пазарот како целина ќе загуби верба. Ако нема доверба, луѓето ќе ги отфрлат и ќе продаваат дури уште повеќе“, вели таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП