2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi R8 V10 Performance Quattro под „лупа“ (видео)

Audi R8 V10 Performance Quattro под „лупа“ (видео)

„Audi“ кон крајот на октомври го претстави подобрениот „R8“, a сега имаме можност детално да погледнеме како изгледа надворешноста и внатрешноста на овој автомобил.

Редизајнираниот „R8“ и натаму е достапен во две верзии, а покрај помалите стилски промени, тој пристигнува и со помоќни мотори.

Помоќниот од двата „Audi R8“ ја доби наместо ознаката „Plus“ додатокот „Performance Quattro“ кон своето име и токму тој е детално прикажан во видеото кое го објави „Auditography“, a во кое фановите на овој германски бренд со сигурност ќе уживаат:

Козметичките интервенции на предниот дел од автомобилот дискретно го променија изгледот на маската на ладнилникот, браникот и фаровите.

Позади е проширена маската за која се кријат вентилациските отвори, па така сега се проширува целата ширина на возилото, додека задниот дифузер е понагласен од претходно.

„Audi R8 V10 Performance Quattro“ има 5.2-литарски „V10“ мотор со 620 ks (456 kW) и 580 Nm. Во овој случај зголемената моќ изнесува 10 ks во однос на претходната верзија која ја имаше ознаката „Plus“, a максималниот вртежен момент е поголем за 20 Nm од претходно.

Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h зa 3,1 секунди во „Coupe“ верзијата, односно 3,2 секунди кај „Spyder“. Mаксималната брзина е 331 km/h кај моделот со цврст покрив, а 329 km/h кај кабриолетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП