12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлиматските промени најголемиот потенцијален непријател на американската економија

Климатските промени најголемиот потенцијален непријател на американската економија

Климатските промени ќе ја чини економијата на САД стотици милијарди долари до крајот на овој век, и ќе наштети на сè, од човековото здравје до инфраструктурата и производството на храна, се вели во последниот извештај на американската влада.

Во извештајот, кој беше подготвен по барање на Конгресот, го изработија повеќе од десетина агенции и Секретаријатот, е во согласност со очекуваното влијание на глобалното затоплување врз сите делови на американското општество и е во спротивност со плановите на претседателот Доналд Трамп, кој ја охрабрува индустријата за фосилни горива.

Ко-авторот на извештајот, Вилијам Хоенстин рече дека катастрофалните пожари во Северна Калифорнија може да се припишат на климатските промени, но дека врската со шумските пожари во Јужна Калифорнија е мала.

“Топлото и суво време ја зголеми површината на областите што изгореа во текот на изминатите 20 години”, рече Хоенштајн на прес-конференција.

Во извештајот се предупредува дека глобалното затоплување најмногу ќе ги погоди сиромашните, ќе наштети на јавното здравје, ќе ја оштети инфраструктурата, ќе ја ограничи достапноста на вода за пиење, ќе го промени брегот и ќе предизвика зголемување на трошоците во голем број на индустрии, од земјоделие до производство на енергија.

Доналд Трамп минатата година објави дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор од 2015 година, со кој речиси 200 земји се обврзаа да се борат против климатските промени. Трамп верува дека овој договор е штетен за американската економија и не дава значителни еколошки придобивки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП