2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦрногорскиот Телеком ќе исплати дивиденда за 2012

Црногорскиот Телеком ќе исплати дивиденда за 2012

crnogorskitelekom1

Црногорскиот Телеком АД Подгорица, во своето соопштение ги извести акционерите дека исплатата на дивиденда за 2012 година ќе започне на 20 јуни 2013 година.

Исплатата ќе биде направена преку Црногорската Комрцијалана банка АД Подгорица. Вкупниот износ на дивиденда кој ќе биде исплатен изнесува 22,9 милиони евра. Износот на дивиденда за акција изнесува 44 центи.

Акционерите ќе можат да ја подигнат дивидендата на шалтерите на сите експозитури на Црногорската Комерцијална Банка АД во Црна Гора.

Приходите на Црногорскиот Телеком во 2012 година изнесуваа 114,3 милиони евра, што е пад од 2,8 милиони евра или 2,4 проценти во однос на 2011 година.

Како што тогаш соопшти компанијата, падот на приходите е условен од пониските приливи од интерконециите и говорните сервиси во фиксната и мобилната телефонија, како и од пониските приходи од туристите.

Од компанијата објаснуваат дека континуираните напори насочени кон зголемена ефикасност и подобрување на структурата на трошоците, довеле до намалување на оперативните трошоци за 1,8 милиони евра, или 2,4 проценти, во однос на 2011, исклучувајќи ги специјалните ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП