2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловната активност во еврозоната расте со бавно темпо

Деловната активност во еврозоната расте со бавно темпо

Деловната активност во еврозоната се зголеми со најбавното темпо од пред четири години во ноември. Ова го покажуваат прелиминарните податоци за општиот индекс на менаџерите за нарачки „PMI“ на „IHS Markit“.

Послабиот раст на нарачките и намалувањето на увозот се придружени од влошениот оптимизам за идните проекции, како и повисоките трошоци и цени.

Според податоците „PMI“ индексот падна од 53,1 поени во октомври до 52,4 поени во ноември – тоа е и најслабото читање од декември 2014-та година.

Забавувањето на растот на деловните активности е повторно најизразено во производствениот сектор, каде што растот е минимален. Тој е исто така е најслаба од почетокот на закрепнувањето во јули 2013-та година.

Растот на производството беше практично непроменет во однос на позадина на вториот последователен месечен пад на нарачките и извозот на фабриките.

„Ладењето на растот кај бизнисите во еврозоната до четиригодишно дно ги засилува сигналите дека економијата се соочува со фрустрирачки крај на годината“, вели Крис Вилијамсон, главен бизнис економист во „IHS Markit“. Според неговите зборови, забавувањето исто така е привремено влошено од постојаните разочарувачки резултати во продажбата на автомобили.

Услужниот сектор се покажува поодржлив од производството на стоки. Сепак, податоците од ноември покажуваат дека доцнењето е посеопфатно и се протега надвор од производството. Проширувањето во услужниот сектор се забавува на ниво од пред две години.

Растот на вработеноста во двата сектора исто така забавува, постигнувајќи најниско ниво за 22 месеци, бидејќи повеќето фирми ги ограничуваат нивните планови за експанзија.

И додека растот забавува, ценовните притисоци остануваат високи. Инфлацијата на влезните цени малку се забави и остана малку над просекот од почетокот на годината. Ова главно се должи на повисоките трошоци за енергија, суровини и персонал.

Извозните цени, исто така, останаа повисоки, без промена во споредба со октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП