25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ испитува дали има картел кој влијае на цените на авио-билетите

ЕУ испитува дали има картел кој влијае на цените на авио-билетите

Патниците можеби плаќаат „надуени“ цени кои се резултат од внатрешно договарање на компаниите кои продаваат авио-билети, предупреди Европската комисија, која започнала истрага за ова прашање.

Длабинската инспекција е насочена првенствено на две компании – „Amadeus“ и „Sabre“. Овие системи ги одредуваат датумите на летот, слободните места и цените на билетите, што им олеснува на туристичките агенции и на веб-сајтовите да ги зачуваат авио-билетите.

Еврокомисијата има сомневања дека двете компании најверојатно ги ограничуваат можностите на авиокомпаниите и туристичките агенции да прибегнуваат кон услугите на потенцијалните конкуренти, што го отежнуваат влегувањето на пазарот на други компании.

„Ние сме загрижени дека ваквото ограничување би можело да создаде бариери за иновации и да ги зголеми трошоците и како резултат на тоа да ги крене цените за патниците“, рече комесарот за конкуренција Маргрете Вестагер.

Таквото однесување би било прекршување на правилата за конкуренција на ЕУ.

„Amadeus“, чие седиште е во Шпанија, објави дека ќе соработува целосно во истрагата. А „Sabre“, чие седиште е во САД, сé уште не одговори на барањето да коментира за вестите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП