2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарските цариници штрајкуваат, на границата се чека до десет часа

Унгарските цариници штрајкуваат, на границата се чека до десет часа

Речиси 400 камиони чекаат да го преминат српско-унгарскиот граничен премин Хоргош-Рошке на северот од Војводина бидејќи унгарските цариници од вчера се во бел штрајк и работат со намален капацитет, објави царинската управа.

Долгите колони камиони почнаа да се формираат, а превозниците од Србија чекаа и до десет часа да влезат во Унгарија, но денес ситуацијата е нешто подобра, објави управата.

За 24 часа во Унгарија влегоа околу 600 камиони од Србија, а во колоната од српска страна во моментот има речиси 400 товарни возила.

Пограничниот премин е пополнет, објавија српските царински службеници, објаснувајќи дека унгарските колеги работат со намален капацитет наводно поради зголемена контрола врз мигрантите и дека имаат прекин во пропуштањето на возилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП