3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО: Земјите од Г-20 ја ограничија светската економија со 481 милијарда долари

СТО: Земјите од Г-20 ја ограничија светската економија со 481 милијарда долари

Земјите од групата Г-20, која ги обединува најголемите светски економии, имаат воведено 40 нови трговски рестриктивни мерки помеѓу мај и октомври, а засегната сума е во висина од 481 милијарди долари, изјавија од Светската трговска организација (СТО).

Новите ограничувања покриваат шест пати повеќе трговски обем во однос на претходниот период и се најголемите во обем, откако „СТО“ започна да ја следи трговијата на земјите од Г-20 во 2012-ра година, се наведува во соопштението.

Од средината на мај до средината на октомври, извештајот, исто така ги прошири мерките за олеснувања при увоз.

Тие се фокусирале на трговија во износ од 216 милијарди долари, што сепак е помалку од половина од обемот опфатен со мерките за ограничување на увозот, нагласува организацијата.

„Овие бројки се извор на сериозна загриженост“, рече генералниот директор на „СТО“, Роберт Азеведу.

„„СТО“ прави сé што може за да помогне во намалување на тензиите, но за изнаоѓање на решенија ќе бидат потребни политичка волја и лидерство од земјите од Г-20, чии водачи ќе се состанат во Аргентина идната седмица“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП