21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАZEW: Подобрување на очекувањата за германската економија

ZEW: Подобрување на очекувањата за германската економија

germany3

Очекувањата за германската економија во јуни се малку подобрени, извести угледниот германски институт „ZEW“, напоменувајќи дека според проценката на експертите закрепнувањето на економијата во втората половина од годината ќе биде кревко.

Соодветниот индекс кој го изработува инситутот „ZEW“ а ги мери очекувањата на економијата во наредните шест месеци во јуни се зголеми на 38,5 поени, од 36,4 поени кои беа забележани во претходниот месец.

За потребите на истражувањето анкетирани беа 257 аналитичари и институционални инвеститори.

„Експертите на финансиките пазари остануваат на проценката дека германската економија веројатно ќе забрза во втората половина од годината. Но резултатите од анкетата наведуваат на заклучок дека закрепнувањето ќе биде кревко“, предупредува во соопштението шефот на институтот Клеменс Фуст.

Проценката за тековната состојба во економијата, исто така, остана речиси непроменета, со намалување на соодветниот индекс на 8,6 поени, од 8,9 поени кои беа забележани во претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП