3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Празник од милијарди долари

График на денот: Празник од милијарди долари

Кога Американците започнуваат да го одбележуваат Денот на благодарноста во 19-тиот век, идејата била да се заблагодари за добрата кои ги добиле во текот на годината, најмногу за добрата жетва. Меѓутоа, во последно време, многу луѓе ги минуваат празниците размислувајќи за она што им треба, а не она што веќе го имаат, објаснува „Statista“.

Во текот на изминатите неколку години, викендот околку Денот на благодарноста стана неверојатна шопинг фарса, како во онлајн, така и во традиционални продавници. Трговците се обидуваат да се натпреваруваат еден против друг, нудејќи најдобри попусти за Црниот петок/ Сајбер понеделникот, а корисниците се подготвени да ја искористат шансата да го започнат празничниот шопинг и со некои корисни понуди.

Не е изненадување што овој викенд по Денот на благодарноста се очекува да ги надмине сите рекорди при онлајн шопингот – уште еднаш. Според извештајот на „Adobe Digital Insights“ вкупната продажба од е-трговијата во текот на целиот викенд најверојатно ќе достигне 23,4 милијарди долари, а Сајбер понеделникот ќе се покаже како најголемиот ден за онлајн шопингот во американската историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП