4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев и Царовска на работен состанок со ССМ: Работиме за унапредување на...

Заев и Царовска на работен состанок со ССМ: Работиме за унапредување на социјалниот дијалог и работничките права

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски денеска во Владата остварија работен состанок со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски и со претседатели на синдикати членки на ССМ од приватниот и јавниот сектор.

Во рамки на овој работен состанок, како што инфомираа од владата се отвори конструктивна дебата за намдинивање на проблемите и состојбите со кои се соочуваат синдикатите, а се разговараше и за законските одредби од новиот Закон за работни односи чијашто цел е да ги унапреди работничките права и безбедност при работа, правата на работниците за синдикално организирање и начините за утврдување на репрезентативноста на постоечките синдикати кои ги застапуваат работничките права и обврски.

Премиерот Заев за време на состанокот порача дека Владата останува цврсто на определбите да работи за унапредување на работничките права заедно во консултација и партнерски однос со работниците и работодавачите. Во таа насока Заев рече дека политиките за зголемување на платите кои продолжуваат и со Буџетот за 2019 година се значаен чекор за подобрувањето на животниот стандард на работниците.

Тој посочи дека синдикатите мора да бидат будното око за правата на работниците и за таа цел мора да се работи на зајакнување на синдикалното организирање.

Од владата по состанокот инфорира и дека ваквиот конструктивен пристап на соработка и отворена дебата помеѓу владата и синдикатите кој ќе продолжи и во иднина беше оценет како исклучително важен за унапредување на социјалниот дијалог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП