20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј вели средбата со Јункер е успешна, договорот за Брегзит при...

Тереза Меј вели средбата со Јункер е успешна, договорот за Брегзит при крај

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека преговорите за Брегзит забележале прогрес по долгата средба со претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер во Брисел.

„Одржавме одлична средба. Постигнавме забележителен напредок и како резултат на тоа, нашите преговарачи добија одлични насоки“, посочи Меј во интервју со локални медиуми.

„Се надевам дека тие ќе успеат да ги решат преостанатите прашања и дека набрзо ќе започнат со работа. Планирам да продолжам со средбите, вклучувајќи ја средбата со претседателот Јункер во сабота каде ќе дискутираме како да дојдеме до решение на овој процес и да дојдеме до решение кое ќе биде во интерес на народот“, додаде Меј.

Премиерката ќе се врати во Брисел во сабота на т.н. „итен“ состанок за финализирање на нацрт-договорот за повлекување како и политичката декларација која ќе ја содржи.

Овој итен состанок беше најавен откако германскта канцеларка Ангела Меркел изјави дека таа нема да преговара со Меј освен ако премиерката нема финален договор кој ќе го претстави пред самитот за Брегзит в недела.

Меј додава дека и покрај бројните прашања кои ги дискутирале со Јункер, постојат уште многу прашања кои мора да се решат и на кои мора што поскоро да се работи, пред целосниот договор за Брегзит да биде објавен.

„Постигнат беше одличен напредок меѓу претседателот Јункер и премиерката Меј. Работата продолжува“, изјави портпарол од Европската Комисија.

Лондон и Брисел потпишаа договор за повлекување, документ од 585 страници во кој се содржани правата на граѓаните, спогодбата од 39 милијарди фунти и прашањето за границата со Ирска.

Меј го финализираше договорот за повлекување на 13 ноември и со потешкотии успеа да го убеди нејзиниот кабинет да ѝ даде поддршка, но сепак се соочи и со бројни критики како од нејзината партија така и од опозицијата на Лабуристите.

Во целиот процес, двајца министри од кабинетот на Меј поднесоа оставки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП