29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Јапонија губи инерција

Инфлацијата во Јапонија губи инерција

Годишната основната потрошувачка инфлација во Јапонија е останала без промена во октомври на месечна база, откако слабите трошоци на домаќинствата ги спречија компаниите да ги зголемуваат цените – сигнал дека на нејзината економија и недостасува инерцијата, потребна да се постигне целта од 2% на централната банка , објави „Ројтерс“.

Основниот индекс на потрошувачките цени, кој отстранува ефектот на нестабилните намирници, е зголемен за 1,0% во октомври на годишна основа, покажаа државните податоци, што се совпаѓа со средната прогноза на аналитичарите.

Половина од растот во месеците се должи на повисоките цени на енергијата, што може да ја исправи Јапонската централна банка пред се поголеми тешкотии да постигне траен раст на цените во позадината на тензиите во глобалната трговија и забавувањето на побарувачката во Кина, што може да ги затемни изгледите за извозната економија.

Сигнализирајќи дека не се трупа сериозен инфлациски притисок, индексот, исклчкувајќи го ефектот на цените на свежата храна и енергетските трошоци, покажува инфлација од 0,4% во октомври – без промена веќе трет месец.

„Податоците покажуваат дека ќе потрае доста време инфлацијата да постигне целта на „ВоЈ““, коментира Такеши Минами, главен економист на „Norinchukin Research Institute“.

„„ВоЈ“ веројатно нема да ја промени својата позиција за да ја задржи својата огромна програма за поттик“, додаде тој.

Постојано слабата инфлација ги погоди надежите на „ВоЈ“ дека стабилниот економски раст ќе се трансформира во повисоки цени. Тоа ја принуди централната банка да одржува огромни стимулации покрај несаканите ефекти, вклучувајќи ги пониските профити на финансиските институции поради долгогодишните нулта каматни стапки.

Иако незадоволството од растечкото негативно влијание на стимулите, „ВоЈ“ најверојатно ќе ја задржи инфлацијата во својот главен фокус, велат извори на „Ројтерс“.

Годишната потрошувачка инфлација како целина, која ги вклучува свежата храна и енергетските трошоци, се забрза за 1,4% во октомври во однос на 1,2% во претходниот месец, откако летните тајфуни и дождовите влијаеа на жетвата и ги зголемија цените на зеленчукот.

Според аналитичарите слично поскапување на овошјето и зеленчукот може да ги остави домаќинства со помалку пари за трошење надвор од оние за основна потреба, што ќе влијае негативно на потрошувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП