2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Јас не се бавам со граѓаните!"- Со што се бави министерот за...

“Јас не се бавам со граѓаните!”- Со што се бави министерот за животна средина Садула Дураки?

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, непознат за поголемиот дел на јавноста, вчера беше “уловен” од камерите на Сител телевизија.

Тој досега не се појавил на ниту еден прес поврзан со аерозагадувањето, туку местото редовно му го отстапува на заменик министерот Јани Макрадули.

Тој во изјавата посочи дека не сме Швајцарија и дека започнат е чекор напред кон справување со аерозагадувањето.

На прашањето кој е неговиот став дека граѓаните ќе ја тужат државата поради енормното загадување, одговорот беше дека тој не се бавел со граѓаните и за сите прашања на новинарите ја посочи работната група.

Садула Дураки – Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија.

Дипломирал на Универзитет во Приштина, на Технички факултетна на катедрата за Машинство, и се стекнал со звањето – Инженер по машинерија.

Во 2000 година работел во Царинска управа на Македонија. Во 2002 година е Заменик директор на Царинска Управа на РМ.

Во 2004 е Министер за земјоделие, шумарство и економија.

Во 2006 година е пратеник во Собрание на Република Македонија.

Во 2008 година е Директор на Агенција за Развој и инвестиции а во периодот од 2009 до 2013 година, е градоначалник на Општина Липково.

Министерот Дураки зборува германски јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП