3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEasyJet: 11 милијарди долари за 135 нови авиони

EasyJet: 11 милијарди долари за 135 нови авиони

O

Европскиот производител на авиони „Airbus“ денес постигна договор за испорака на 135 авиони со британската авиокомпанија „EasyJet“ вреден околу 11 милијарди долари.

„EasyJet“ потпиша договор за купување на 35 авиони од сегашната генерација на А320 и 100 авиони од новата генерација А320neo, со можност за купување на уште 100 авиони од тој модел, се вели во соопштението на компанијата.

Авионите А320 според договорот ќе бидат испорачани во периодот меѓу 2015 и 2017 година, додека авионите од новата генерација би требало да бидат испорачани меѓу 2017 и 2022 година, објавија од „EasyJet“.

Вкупната цена за набавка на овиe авиони ќе изнесува околу 11,5 милијарди долари, но од „EasyJet“ напоменуваат дека успеале да добијат „многу значаен“ попуст.

„EasyJet“ започна со работа во 1995 година со авионите на „Boeing“, но по 2002 година започна да соработува со „Airbus“, потпишувајќи договор за купување на 120 авиони од моделот А319.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП