3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК го одобри финансискиот буџет на Грција за 2019-та

ЕК го одобри финансискиот буџет на Грција за 2019-та

Европската комисија го одобри првиот финансиски буџет на Грција по крајот на нејзината спасувачка програма, но рече дека земјата треба да остане внимателна и да ги забрза реформите пренесуваат од прес-службата на ЕК.

Комисијата соопшти дека го донела првиот извештај по рамката за засилено набљудување, која беше воведена по завршувањето на програмата за поддршка на стабилноста на Европскиот механизам за стабилност во август оваа година.

Во извештајот се вели дека предлог-буџетот за 2019-та година, кој Грција го обезбеди, гарантира почитувањето на обврската за основниот суфицит од 3,5% од БДП-то.

Извештајот сепак наведува дека напредокот во однос на реформите во другите области е нерамномерен и Грција ќе мора да го забрза спроведувањето, за да ги постигне своите цели.

Спроведувањето на мерките за долгот, зависат од спроведувањето на одредена политика и договорени како дел од важниот пакет мерки за долгот, одобрен на состанокот на Еврогрупата во текот на летото, а ќе биде поврзано со добивањето на позитивна оценка во вториот извештај во рамката за засилено набљудување.

Извештајот ќе биде објавен на почетокот од следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП