5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Германија ќе го одобри нацрт-договорот за брегзит

Меркел: Германија ќе го одобри нацрт-договорот за брегзит

Германија ќе го одобри нацрт-договорот за брегзит, соопштила германската канцеларка, Ангела Меркел, во обраќање пред пратениците во Бундестагот.

Таа навела дека жали поради излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, но дека Германија ќе ја почитува одлуката.

„Очекуваме дека договорот за брегзит ќе биде потпишан в понеделник. Германската влада ќе го одобри тој договор“, рекла Меркел.

Таа додала дека Шпанија има одредени забелешки за договорот и рекла дека очекува дека сите несогласувања ќе бидат надминати до недела.

Меркел истакнала дека прашањето за границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска е голем проблем. Порачала дека Велика Британија нема да може унилатерално да ја напушти царинската унија и дека за датумот за отстапување ќе мора да се договори со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП