24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо пресрет на состанокот на двајцата претседатели, САД со нови обвинувања до...

Во пресрет на состанокот на двајцата претседатели, САД со нови обвинувања до Пекинг

Вашингтон го обвини Пекинг дека ги зајакнува своите хакерските напади и врши кражби на американската технологија, обвинувањата пристигнуваат во пресрет на состанокот на претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпин.

Американскиот претставник за трговија, Роберт Лајхтазер, во извештајот наведува дека оваа година е зголемена фреквенцијата на кинески хакери и дека тие станале пософистицирани.

Во извештајот се одразува скептицизамот на владата на САД во пресрет на состанокот на лидерите на двете земји на маргините на самитот на групата индустриски најразвиени земји и земјите во развој (Г20), кој ќе се одржи во Буенос Аирес на 30 ноември и 1 декември.

САД ги зголемија царините за увоз на кинески стоки во вредност од неколку десетици милијарди долари, а на ова Кина одговори реципрочно.

Конфликтот ескалира по тврдењата на Вашингтон дека Пекинг користи тактики за добивање технологија, вклучувајќи ги и принудувањата на американските компании да ги предадат технолошките тајни во замена за пристап до кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП