24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел го отфрли буџетот на Италија, отвора пат за санкции

Брисел го отфрли буџетот на Италија, отвора пат за санкции

Европската Унија во средата го направи првиот чекор за казнување на Италија кога пресуди дека трошењето на земјата ги крши фискалните правила на блокот. Брисел го отфрли буџетот на Рим за 2019 година, пренесува РТ.

„Комисијата го потврди постоењето особено сериозен случај на непочитување. Со она што го претстави италијанската влада, гледаме ризик земјата да влета во нестабилност“, рече ЕУ во својот годишен преглед на плановите за трошење на земјите од еврозоната зборувајќи за буџетот на Италија во 2019 година.

Брисел во неколку наврати изрази загриженост во врска со плановите за позајмување и трошење на Рим предупредувајќи ја италијанската влада дека би можела да предизвика уште една должничка криза која ќе им наштети на сите.

Според прописите на ЕУ, јавниот долг на земјата членка не може да биде поголем од 60 отсто од нејзиниот БДП или – ако е поголем – мора да паѓа кон 60 отсто со задоволително темпо.

Рим тврди дека зголемувањето на растот е најдобриот начин за намалување на долгот на Италија, кој е повеќе од 130 отсто од БДП.

Вицепремиерот на Италија, Матео Салвини, рече дека нема да прави компромис со основните елементи на буџетскиот план, како што се пензиските реформи, приходот на граѓаните и пониските даноци. Тој изјави дека, сепак, е подготвен да направи мали промени во области како што се инвестициите.

Италија сега може да се соочи со казни од Европската Унија ако не го приспособи својот буџет. Според Салвини, казните против Италија би биле непочитување.

„Убедени сме за сумите во нашиот буџет. Ќе разговараме за тоа по една година“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП