24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на векот, штетите од поплавите во ЕУ би можеле да...

До крајот на векот, штетите од поплавите во ЕУ би можеле да достигнат 100 милијарди евра годишно

Европскиот суд на ревизори (ECA) презентираше проценка на спроведувањето на европските барања за превенција од поплави. Според документот, постојат големи предизвици за справување со варијабилноста на природата, осигурувањето од поплави и фармерската активност.

Во Европа од 1985-та година поплавите се зголемија. Во последниве години, двојно повеќе ненадејни поплави се пријавени од средни до големи нивоа, отколку во доцните 1980-ти. Еколошките промени во земјите на ЕУ забележаа посилни врнежи, посилни бури и зголемување на нивото на морето.

Според Европската агенција за животна средина, ефектите предизвикани од реките, дождовите и зголемувањето на водата од европските брегови ќе се влошат поради зголемената фреквенција и обемот на поплавите. Студиите покажуваат дека врнежите во Европа ќе станат посилни и нивото на морето ќе продолжи да расте. Проекцијата на штетата од поплавите ќе достигне до 20 милијарди евра годишно до 2020-та година, 46 милијарди евра годишно до 2050-та година и 98 милијарди евра годишно до 2080-та, велат од „ECA“.

„ECA“ испитува дали заштитата од поплави и подготвеноста се заснова на проценка и дали користениот пристап даде позитивен придонес. Беа направени проверки во Словенија, Италија, Шпанија, Португалија, Романија, Бугарија, Австрија, Чешка и Холандија. Подобрената координација помеѓу државите и Европската комисија е пријавена во размената на знаење и искуство. Сите посетени земји почнаа да ги исполнуваат условите. Во активностите поврзани со поплави идентификувани се слабости во распределбата на средствата. Изворите на финансирање се делумно дефинирани и обезбедени, прекуграничните инвестиции се ограничени и средствата не се распределуваат според задачите, се вели во документот.

Повеќето земји користат проценки за трошоци и придобивки за да ги постигнат најдобрите економски придобивки од проектите. „ECA“ ги идентификува слабостите во користењето на средствата. Две третини од посетените земји ги насочија своите мерки кон еколошките инфраструктурни проекти и ова е добар економски пристап за ограничување на ризикот од поплави. Посетените земји го земаат предвид влијанието на промените во природата врз обемот, фреквенцијата и локацијата на поплавите. Тие во основа користеле податоци за изминатите години, што ризикува да не се земат предвид идните временски услови.

Судот препорачува ЕК да провери дали државите имаат подобрена одговорност во нивните подготовки за спречување на поплавите; да оценат дали ги разјаснуваат финансиските извори за да ги покријат настанатите трошоци; да ги кофинансира само мерките врз основа на мерливи и соодветни показатели, како што се проценките за трошоци и придобивки; да се испита дали државите имаат предвидено мерки за подобрување на знаењата потребни за разбирање на влијанието на промените во животната средина; да провери дали државите имаат предвидено активности за подигнување на јавната свест за придобивките од осигурувањето од поплави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП