26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиколовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

Николовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори 3. сесија на работната група за земјоделство и рурален развој организиранa од Националната конвенција за Европска Унија во Република Македонија.

Фокус на денешната конференција беа земјоделските задруги, бенефитот за вкупното земјоделство од здружувањето и мерките што Владата ги презема во оваа насока.

„Наша цел е да поттикнеме модернизација на македонското земјоделство и зголемување на неговата конкурентност. Со развојот на земјоделските задруги го постигнуваме токму тоа. Овозможуваме здружување на земјоделските производители, со што им следуваат многубројни економски и социјални придобивки. Ова е значаен проект за македонското земјоделство бидејќи со развојот на земјоделските задруги следуваат многубројни економски и социјални придобивки за земјоделците“, изјави министерот Николовски.

Преку здружувањето во задруги земјоделците може полесно да аплицираат за финансиска поддршка преку програмите на МЗШВ наменети за земјоделство и рурален развој, како и друг вид поддршка што им е достапна на земјоделските задруги преку инструментот за претпристапна помош на ЕУ за рурален развој, односно ИПАРД-програмата.

Во оваа насока во тек е и реализацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Република Македонија“ финансиран од инструментот за претпристапната помош на Европската Унија, кој почна во декември 2017 година и ќе трае 4 години. Тој предвидува директна техничка и финансиска поддршка во вид на грантови на 8 постојни и 12 новоформирани задруги, како и поддршка на МЗШВ во однос на подобрување на постојната законска регулатива, со која се регулира функционирањето на земјоделски задруги, информираа од МЗШВ по завршувањето на сесијата.

Досега беа објавени два јавни повика на кој пристигнаа 51 апликација. Од нив 20 апликации се од постојните задруги, а 31 апликација се за формирање нови задруги, велат од Министерството.

„Сите тие ќе добијат техничка помош и помош за изготвување бизнис-планови. Во периодот што следува ќе се објави уште еден повик на кој од сегашните пристигнати апликации ќе се изберат 12 нови и 8 постојни задруги кои ќе добијат финансиска поддршка. Просечната сума на грантовите ќе изнесува 50.000 евра, а максималната 80.000 евра, со 20 отсто кофинансирање“, стои во соопштението.

Исто така, оттаму додаваат дека првпат по 5 години, се реализира мерката 131 – економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност во рамките на Националната програма за рурален развој за 2018 година. Оваа мерка опфаќа неколку подмерки и видови поддршка, со што дополнително ќе се поттикне формирањето земјоделски задруги и нивно функционирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП