23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБританци претставија електричен Mustang (фото+видео)

Британци претставија електричен Mustang (фото+видео)

Британската компанија „Charge Automotive“ ќе издаде ограничена серија на класичен „Ford Mustang“ на електрична енергија. Основата на моделите ќе биде официјално лиценцираните фастбек или кабриолет. Се очекува да бидат произведени вкупно 499 единици.

Доставувач на електричните мотори и електрониката за автомобили ќе биде компанијата „Arrival“. Таа е позната по развивањето на електричните комбиња во САД за „United Parcel Service“ (UPS). Моќта на погонскиот систем ќе биде 300 kw (408 КС), а максималниот вртежен момент е 1.200 Nm. Моторите ќе се напојуваат од батерија од 64 киловати, која ќе ја задржи моќта до 50 киловати.

Електричниот мотор ќе може да забрзува од 100 км/ч за 3,09 секунди, а со едно полнење возило може да мине 200 км. Објавеното видео покажува дека возилото ќе има суспензија со можност за прилагодување, три начини на работа на контролната електроника и ќе може да се префрли од задниот дел на погон на четири тркала. Главните функции се контролираат од центарлно монтираниот дисплеј, како кај „Tesla“.

За да се нарача електричниот „Mustang“, потенцијалниот купувач мора да остави депозит од 5.000 фунти. Почетната цена на автомобилот ќе изнесува 200.000 фунти (260.200 долари) со закажана испорака во септември 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП