25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШефовите се виновни за нељубезноста на работниците!?

Шефовите се виновни за нељубезноста на работниците!?

Работниците тврдат дека поради стресот и преголемата количина на работа, немаат време да бидат љубезни, а некои сакаат да бидат шефови, па затоа го имитираат неговото однесување.

Речиси 60 проценти од луѓето, за својот безобразен однос, ја обвинуваат преголемата количина на работа, потврди една американска студија. Тие тврдат дека немаат време да бидат љубезни поради преголемата количина на стрес и ментално преоптеретување.

Исто така, секој четврти работник вели дека е нељубезен бидејќи и неговиот шеф е таков. Како шефот успева да биде успешен, така работниците го имитираат со надеж дека и тие ќе успеат како него.

Дел од луѓето сметаат дека шефот се однесува непристојно само за да ја потврди својата позиција, додека пак други тврдат дека шефовите отворено ги поттикнуваат да бидат нељубезни – речиси 20 проценти од нив признаваат дека на компанијата и на шефовите не им е важно како се однесуваат работниците кон муштериите, а жалбите често не ги почитуваат, пишува „Harvard Business Review“.

Што да направите?

Како шеф морате да имате на ум дека сте пример за вашите работници и затоа не е сеедно како се однесувате кон нив и како се однесувате воопшто (кон клиентите, деловните партнери, конкуренцијата…).

Златното правило кое секогаш треба да го поставувате вели: Пофалбите ги делите јавно, критиките позади затворени врати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП