20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ во Белгија протести против поскапувањето на горивата

И во Белгија протести против поскапувањето на горивата

Движењето на жолтите елеци кое во Франција организира протести поради зголемувањето на цените на горивото, ги интензивираше своите активности и во Белгија, но само во Валонија која е франкофонска јужна покраина.

Во Белгија, како и во Франција, протестите се организираат преку социјални мрежи и од истите причини, пренесе агенцијата „Хина“.

Според најновите податоци, цената на литар супер достигнала 1,43 евра, а во Франција 1,54 евра, додека цената на дизелот е 1,54 во Белгија, а 1,51 евра во Франција.

Во Белгија се блокирани три рафинерии за нафта. Демонстрантите преку социјалните мрежи соопштија дека целта е да предизвикаат недостиг од гориво, за да се принудат политичките лидери да реагираат.

Според белгиските медиуми, ефектите веќе се чувствуваат бидејќи повеќе бензински пумпи во близина на Лиеж останале без гориво.

Како што е наведено, барањата на белгиските демонстранти се малку пошироки од оние во Франција – граѓаните на земјата се жалат на намалување на куповната моќ и бараат да се намали данокот на додадена вредност на најнеопходните производи како што се гориво, храна итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП