2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија е принудена да го ограничи приемот на мигранти

Австралија е принудена да го ограничи приемот на мигранти

Австралија веројатно ќе го ограничи приемот на мигранти, бидејќи нејзините градови се пренатрупани. Ова го изјави австралискиот премиер Скот Морисон, цитиран од светските агенции.

Премиерот рече дека неговата влада ќе ги истражуваат варијанти да го намали годишниот максимум за прием на 190.000 постојани мигранти со околу 30.000 лица. Сиднеј и Мелбурн, најголемите градови во земјата, се „жртви на сопствениот успех, патиштата се затнати, автобусите, возовите и училиштата се полни“, рече Морисон.

Тој истакна дека на места мигрантите придонеле за порастот на населението и дека овој пораст одиграл клучна улога во економскиот успех на земјата.

„Но, јас исто така знам дека Австралијците во нашите големи градови се вознемирени од населувањето. Тие велат доволно е , доволно е, доволно е“, вели Морисон.

Тој ќе побара од премиерите на австралиските држави да ги изготват своите планови за населението, кои ќе бидат разгледани на средбата на 12-ти декември. Последните податоци покажуваат дека 20% од австралиските имигранти доаѓаат од Индија, 15% од Кина и 9% од Велика Британија.

Минатата година беа издадени вкупно 262.489 привремени и постојани визи, при што населението се зголеми на над 25 милиони лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП