26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде е најпрофитабилно купувањето на бизнис?

Каде е најпрофитабилно купувањето на бизнис?

САД, Велика Британија, Канада, Холандија и ОАЕ се земјите каде купувањето на бизнис е најскапо, покажува листата на московската школа за менаџмент „Сколково“ и руската инвестициска група „UCP“, цитирани од „РБК“. Индексот рангира 30 земји и петте водечки земји во него се споредуваат по овој показател кој се движи од 80,66 поени за САД до 63,88 поени за ОАЕ.

Австралија, Германија, Малезија, Кина и Јапонија се рангирани од шестото место до десеттото место. На дното на листата се Бразил, Русија, Нигерија, Египет и Аргентина.

Индексот вклучува различни индикатори како макроекономијата, безбедност на инвестициите, каматите, пристапност до финансирањето и даночната политика. Истражувањето опфаќа 30 најголеми земји кои генерираат 82% од глобалниот БДП. Колку е поблизу индексот до 100, толку повеќе земји се поблиску до најдобрите услови.

Во исто време при продажба на бизнис Русите можат да добијат од 2 до 4 пати помалку во однос на конкурентите од САД и Западна Европа или некои земји од „БРИКС“, забележува „РБК“.

Вредноста на бизнисот таму се намалува поради слабото корпоративно управување, инвестициската средина и правната заштита, кршењето на правото на сопственост, појаснуваат експертите.

Вреднувањето на продажните компании ги зема предвид идните дивиденди. Руските јавни претпријатија издвоија за дивиденди 31,68% од профитот наспроти просекот од 64,55% во 30-те рангирани земји и 50,73% во „БРИКС“.

Вредноста на компаниите, исто така, влијае на нивната финансиска одржливост.

Како експертите ги рангираат првите 30:

1. САД – 80,66 поени,

2. Велика Британија – 72,4 поени,

3. Канада – 66,8 поени,

4. Холандија – 65,54 поени,

5. ОАЕ – 63,88 поени,

6. Австралија – 61,32 поени,

7. Германија – 58,85 поени,

8. Малезија – 58,12 поени,

9. Кина – 57.05 поени,

10. Јапонија – 56.8 поени,

11. Јужна Африка – 54,59 поени,

12. Тајланд – 53,09 поени,

13. Индија – 52,64 поени,

14. Саудиска Арабија – 51,37 поени,

15. Индонезија – 50,18 поени,

16. Франција – 49.86 поени,

17. Јужна Кореја – 48,23 поени,

18. Полска – 46,44 поени,

19. Филипините – 46,35 поени,

20. Шпанија – 45,63 поени,

21. Мексико – 40,51 поени,

22. Турција – 36.02 поени,

23. Колумбија – 34,12 поени,

24. Пакистан – 33,12 поени,

25. Италија – 32,97 поени,

26. Бразил – 31,21 поени,

27. Русија – 29,26 поени,

28. Нигерија – 26,71 поени,

29. Египет – 25,62 поени,

30. Аргентина – 13.02 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП