24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДождливо до температура до 13 степени

Дождливо до температура до 13 степени

Времето утринава е облачно со повремен дожд во поголемиот дел од земјата. Врнежи нема на крајниот исток. Слаб променлив ветер има на повисоките места и во Демир Капија.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни на западот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 5 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП