24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна откупот на тутунот

Почна откупот на тутунот

Денеска почна откупот на тутунот од реколтата 2018 година. Според базата на податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се отворени 195 откупни пунктови на кои што тутунарите можат да го предаваат тутунот. Државниот инспекторат за земјоделство ги направи сите проверки на пунктовите.

Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун.

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој денеска од Прилеп и официјално го објави почетокот на откупот, порача дека се очекува непречен откуп со стабилни откупни цени. Споредено со реколтата 2017-та, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани и се склучени над 4.700 повеќе догвори од ланската реколта. Годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

Николовски потенцираше дека оваа година се ислатија над 28 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017-та и тоа за првпат навремено, кога им беа најпотребни на тутунарите. Со новиот модел на зголемени субвенции, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Со новиот Закон за тутун, како што истакна Николовски, се очекува укинување на евидентни листови, а целата процедура ќе се прави внимателно и постепено, заради тоа што се потребни софтверски надградби и одредено време за прилагодување. Конкретно, следната 2019 година, МЗШВ заеднички со сите чинителеи, со откупувачите на тутунот и со тутунарите ќе направи пилот проект, чие што функционирање во 2019 година ќе се тестира, со цел да се прилагодат институциите и во 2020 и официјално да се воведе. Од Министерствто велат дека ова ќе значи намалување на административни процедури кои ги имаат тутунарите, бидејќи тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија а сите бирократски формалности ќе бидат преземени од тутунските компании. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди, и го регулира прометот со новите тутунски производи во согласност со Директивата 40/2014.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП