Иран ќе продолжи да извезува нафта и покрај санкциите од САД кои се дел од психолошката војна осудена на пропаст, вели претседателот на Иран Хасан Рухани.
Со повторното воведување на санкции врз третиот најголем производител на нафта од ОПЕК, Вашингтон сака да го присили Техеран да се откаже од својата нуклеарна програма и да ја прекине поддршката на Либан и Јемен преку војници од Сирија.
„Нема да потклекнеме под овој притисок кој е дел од психолошката војна против Иран“, посочи Рухани во говорот кој го одржа во градот Кој.
„САД не успеа да го сопре нашиот извоз на нафта. Ќе продолжиме да извезуваме… Вашата регионална политика не успеа, а сепак го обвинувате Иран за тој неуспех во Авганистан, Јемен и Сирија“, додава Рухани, додека присутните извикуваа „Смрт за Америка!“
Рухани вели дека Вашингтон ја нема потребната меѓународна поддршка за овие санкции и додава дека САД вовеле и привремена резигнација на осум поголеми потрошувачи на иранската нафта.
„Америка е изолирана сега. Иран има поддршка од многу земји. Освен од Ционистичкиот режим (Израел) и неколку земји од регионот, ниедна друга земја не го поддржува притисокот врз Иран од страна на Америка“, заклучува претседателот на Исламската Република.