20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААпликацијата „Граѓански буџет“ на македонски, албански и англиски јазик

Апликацијата „Граѓански буџет“ на македонски, албански и англиски јазик

Веб-апликацијата за Граѓански буџет“ е достапна на македонски, албански и англиски јазик. Од Министерството за финансии велат дека на овој начин, Буџетот на РМ сакаат да го поедностават и доближат до граѓаните. Во веб-апликацијата прикажани се приходите и расходите на буџетот.

Исто така апликацијата има и објаснувања што претставуваат одделните ставки. За да се добие појасна слика, апликацијата дава можност да се направи споредба помеѓу буџетите од различни години. Граѓаните преку графикони можат да следат како одделни приходи или трошоци се движеле низ годините.Министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференцијата на која беше претставена апликацијата, истакна дека на овој начин се подобрува информираноста на граѓаните за Буџетот на РМ, а со тоа и се зголемува нивната контрола врз управувањето со јавните финансии.

„Граѓанскиот буџет на Македонија е убедливо најдобар не само во регионот, туку и пошироко. Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетот. На овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење“, рече Тевдовски.

Веб-апликацијата за „Граѓански буџет“ не се однесува само на еден буџет, туку е платформа на која и во иднина може да се поставуваат податоци од новите буџети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП