2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна есенската акција за зазеленување на Скопје

Почна есенската акција за зазеленување на Скопје

Градот Скопје ја почна есенската акција за зазеленување на градот во чии рамки ќе бидат засадени 3 500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.

„Оваа есен приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во градот и подигање нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки (остаток од пресечено или паднато дрво), истите ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници. Најголем број од пенушките коишто ќе бидат заменети се на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, каде што ќе бидат заменети вкупно 49“, стои во соопшението на Град Скопје.

Како дел од заложбите на градот за зазеленување на Скопје и зголемување на бројот на нови дрвја на јавните површини, оваа акција ќе влијае на подобрување на животната средина и ќе придонесе за зачувување на здравјето на граѓаните, велат оттаму. Во соопштението се додава дека градот исто така, посветено работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина со цел да се надомест изгубеното зеленило, да се зголемат парковите и дрворедите и да ги заштити сите јавни зелени површини во сите општини во градот.

Оваа есенска акција Градот Скопје ќе ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа ќе учествуваат со свои работници, механизација и садници, тои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП