29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабраната за дизели во Германија се префрла и на автопатите

Забраната за дизели во Германија се префрла и на автопатите

Беше потребно време на германските судии да обрнат внимание на забраните во земјата кога ги наметнуваат ограничувањата за движењето на дизел автомобилите. Прв чекор во оваа насока веќе е факт – старите автомобили со дизел мотори нема да можат да се движат во области на Гелзенкирхен и Есен, а во нив влегува дел од автопатот „А40“, објави „DW“.

Според информациите на Министерството за животна средина на областа Северна Рајна-Вестфалија ќе поднесе жалба ограничувањето што треба да стапи на сила од јули 2019-та година. Од Министерството се категорични дека за разлика од ограничувањето на дизел автомобилите во центрите на градовите, каде што луѓето имаат и други опции за мобилност, мерката на автопатите сериозно ќе влијае на животот на патниците преку нив.

Ова е уште еден удар врз сопствениците на постари дизел автомобили, откако пред само една недела судот го забрани користењето на такви автомобили во некои области на Келн и Бон. Во 2019-та година ќе биде сериозно ограничена употребата на дизел возила во Мајнц, Штутгарт, Ахен, Франкфурт и Берлин, а во последните два града ​​се подготвува дури забрана за автомобилите со стандард „Евро-5“ (а не само Евро-4).

Факт е дека забраната нема да важи за сите градови. Во случај со Берлин, на пример, судот утврди дека возилата со дизел мотори со стандард до „Евро 5“ нема да им бидат дозволени до 11 маршути во централните делови на градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП