28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашиот шеф е неорганизиран? Неколку начини да се справите со него!

Вашиот шеф е неорганизиран? Неколку начини да се справите со него!

Доколку вашиот надреден е потполно неорганизиран, често прави исправки во плановите, го менува мислењето од ден во ден, тогаш тешко дека и вие ќе напредувате во вашата работа и дека ќе ги исполните неговите очекувања.

Ваквата ситуација може да биде голема пречка за напредување во кариерата. Сепак, постојат решенија кои можат да ја ублажат оваа ситуација. Најважно е да не го прифатите таквото однесување и да се држите до сопствениот план и цели.

Што повеќе сте вие организирани, полесно ќе се справите со некој што не е. Не се обидувајте да пронајдете скриени причини поради кои вашиот шеф не се држи до плановите, бидејќи се работи за неорганизираност.

Немојте ни да го обвинувате за неефикасност, бидејќи веројатно е дека и тој пати исто колку и вие, само што тој не е способен да работи поинаку.

Повеќето неорганизирани лица знаат да бидат неорганизирани и не е до вас да се обидувате да ги промените.

Повеќе успех ќе остварите доколку се обидете да ги лоцирате правилностите и грешките во тој хаос, и со тоа да ја зголемите функционалноста и ефикасноста. Се разбира, за ова не заборавајте да земете одобрение од вашиот шеф.

Пробајте да ги усвоите правилата на однесување какво што имаат и другите вработени кои добро се разбираат со шефот, а доколку сте нови на работното место, разговарајте со личноста која претходно работела место вас и прашајте ја за совет, како би се здобиле со важните „почетнички правила” и информации.

Во вакви ситуации многу е важно да научите да слушате. Кога вашиот шеф ќе го фати напад на паника, слушајте кои детали намногу му пречат и обидете се да ги избегнувате.

За крај, не смеете да заборавите дека без разлика на тоа дали вашиот шеф е организиран или не, тој не би бил директор ако нема квалификации за тоа работно место.

Без разлика како стои моменталната ситуација, немојте ни да помислите дека вие можете и смеете да „шефувате” наместо вашиот директор. Некогаш во таа негова неорганизираност, можеби самиот тој подобро се снаоѓа отколку што вие можете да очекувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП