22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на Јапонија достигна 4 милијарди долари во октомври

Трговскиот дефицит на Јапонија достигна 4 милијарди долари во октомври

Трговскиот дефицит на Јапонија порасна во октомври до максимумот од јули 2015-та година, откако растот на извозот беше надминат од речиси 20 проценти скок на увозот, пренесоа светските агенции.

Јапонското Министерство за финансии соопшти дека извозот се зголемил на годишна стапка од 8,2 проценти. Во септември извозот се намали за 1,2 проценти на годишна основа, истакнувајќи го првото намалување од 2016-та година. Надолна тенденција во голема мера се должеше на природните катастрофи, кои ја снајдоа третата по големина економија во светот.

Трговскиот дефицит минатиот месец достигна 449 милијарди јени (4 милијарди долари), според првичните податоци.

Во билансот на трговијата со САД, кој е политички чувствително прашање, забележува намалување на трговскиот суфицит со 11 проценти до 573,4 милијарди јени (5,1 милијарди долари). Увозот на Јапонија од САД скокна за 34 проценти, вклучувајќи го увозот на храна, нафта, челик и други метали и машини.

Извозот на јапонските производители за американскиот пазар се зголеми за речиси 12 проценти, најмногу благодарение на автомобилите, машините, медицинските производи и гумите, до 1,43 илјади милијарди јени (12 милијарди долари).

Овој развој може да придонесе за намалување на тензиите во трговијата, откако американскиот претседател Доналд Трамп наметна казнени царини од милијарди долари на кинескиот извоз.

Кина е најголемиот пазар за извоз на јапонски стоки, како испораките за него се зголемиле за 9 проценти до 1,48 илјади милијарди јени (13 милијарди долари). Увозот од Кина се зголемил за 16 проценти до 1,9 илјади милијарди јени (16 милијарди долари).

Официјални податоци, објавени минатата недела покажаа дека јапонската економија се намалила на годишна стапка од 1,2 проценти во кварталот јули-септември во позадина на падот на потрошувачката, инвестициите и извозот, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП