18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW час за „иднината“ – како да направите е-автомобил? (видео)

VW час за „иднината“ – како да направите е-автомобил? (видео)

Германски „Volkswagen“ се опорави од скандалот „Дизелгејт“, а сега со крупни чекори се движи кон доминација на пазарот на електрични возила (EV).

„VW“ речиси целиот свој фокус го насочи кон „EV“, a „камен темелник“ на нивниот амбициозен план е фабриката во Цвикау.

Тоа е најголемата и најефикасната европска „EV“ фабрика со капацитет од 330.000 eлектрични автомобили годишно.

Максималниот капацитет ќе расте од 1.350 на 1.500 возила дневно, тој ќе биде достигна во 2021-ва година.

„VW“ во целост го трансформираше овој погон на „e-мобилност“, па тука моментално се произведува електричната верзија на „Golf“, a кон крајот на следната година ќе започне и производството на компактниот електричен хечбек од „I.D.“ семејството.

По последната фаза на развој, од погонот во Цвикау ќе пристигнат шест електрични модели на „Volkswagen“.

„VW“ планира до 2025-та година да стане светски лидер во производството на електрични автомобили со милион возила годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП