29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHugo Boss се потпира на новата стратегија

Hugo Boss се потпира на новата стратегија

Кога Меган Маркл блесна во малиот англиски град Чичестeр за време на својата посета во минатиот месец, нејзината темнозелена облека, дело на „Hugo Boss“, веднаш се појави на „Instagram“. Во рок од неколку минути, здолништето од 595 долари беше распродадено на интернет, објави „Bloomberg“.

Изборот на војвотката од Сасекс се покажа пресвртница за германската модна куќа, позната по машките строги сиви костуми и едноставни кошули.

Случајот во Чичестер откри неколку клучни работи, смета извршниот директор на компанијата, Марк Лангер – корисниците бараат и наоѓаат инспирација онлајн и сакаат веднаш да ги задоволат своите желби.

Според него, „Hugo Boss“ се уште е далеку зад себе во односите со своите конкуренти.

„Црпиме инспирација од компании кои веќе успеале да развијат ефикасна стратегија, кои се интегрирани кон новите трендови“, вели Лангер.

Бидејќи брендови како „Dior“ и „Burberry“ ги задоволуваат потребите на помладите потрошувачи со силна онлајн продажба и реклами во социјалните платформи, германската марка треба да прифати некои нови техники, ако сака да биде нивен рамноправен конкурент. Затоа „Boss“ експериментира со „вегански патики“, направени од ананасови влакна, или со „вечни“ збирки јакни и џемпери, произведени во Германија.

Дури нејзините иконски костуми трпат своевидна трансформација – „Hugo Boss“ пуштија серија, која може да се пере во машина за перење, а во исто време да се вратат на модата со оној костум на Мајкл Џексон, со кој поп иконата позира на корицата на легендарниот албум од 1982-ра година – „Thriller“.

Брзината стана клучен фактор за германската компанија. „Hugo Boss“ се инспирира од брзината на „Zara“.

Германската марка значително го намали времето за дизајнирање и развој на нови колекции од осум месеци на шест недели, со користење на дигитални алатки кои изработуваат прототипи од ткаенина и конци.

„Треба да признаеме дека нашата индустрија се смени“, изјави Лангер за време на интервјуто во Лондон.

Шефот ги има развиено своите помали брендови, поттикнувајќи онлајн продажба и пренасочување на трошоците од списанија до онлајн бизниси.

Моментот во Чичестер е од исклучително значење за „Boss“, бидејќи оваа реклама помогна на компанијата да излезе од својата „претежно машка визија“ и да се насочи кон пошироката и поразвиена мода за дамите.

Според Лангер женската линија е составен дел од компанијата и „Boss“ сака да биде бренд број 1 во бизнисот со дамите.

Сето ова е дел од стремежот на германската модна куќа да го забрза годишниот раст на својата продажба од 4 на 7% до 2022-ра година.

Новите цели се амбициозни и се над прогнозираниот раст на индустријата, смета Пирал Дадханија, аналитичар од „RBC“.

Акциите на компанијата која загубија 11% од својата вредност во оваа година, остануваат речиси без промена и покрај позитивните очекувања на аналитичарите. Лангер не е изненаден од тоа и смета дека инвеститорите прво ќе сакаат да видат дали новата стратегија ќе успее да ја донесе потребната стабилност и профит пред да дејствуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП