27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот министер за економија повика на намалување на даноците

Германскиот министер за економија повика на намалување на даноците

Германија има потреба од намалување на даноците и други мерки за да го поддржи долгорочно економскиот раст, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмајер во интервју цитирано од „Ројтерс“.

Оваа недела, најголемата европска економија за прв пат во 2015-та година објави 0,2% контракција за третиот квартал во споредба со претходно.

Алтмајер, кој е член на Христијанската унија на канцеларот Ангела Меркел, прецизира дека го насочил своето внимание врз намалувањето на високите германски корпоративни даноци по намалувањето на даноците во САД, Велика Британија и наскоро во Франција.

Корпоративниот данок во Германија сега е повисок, отколку во било која друга развиена земја, изјави тој за весникот „Welt am Zontag“.

„Ова е неповолност и ги става во ризик работните места. Затоа, на среден рок се потребни даночни намалувања“, додаде министерот.

Алтмајер предложи половина од зголемувањето на даночните приходи да се користи за финансирање на даночните намалувања. Тој додаде дека е неопходно да се осигура дека придонесите за социјално осигурување не се зголемат над 40 проценти од бруто платата на работниците.

Алтмајер коментираше во текот на минатата недела, дека намалувањето на економијата не е „катастрофално“, а Министерството ги одреди податоците како привремен феномен, произлезен од тоа дека автомобилските компании имаат тешкотии да ги прилагодат навреме автомобилите повеќе кон новиот еколошки стандард.

„Welt am Zontag“ забележува дека Алтмајер се надева да го користи вешто срамот што произлегува од економскиот пад во третиот квартал, за да добие поддршка за намалување на даноците од министерот за финансии Олаф Шолц, кој е од Германската социјалдемократска партија.

Раководителот на Институтот за економски развој „Ifo“, Кеменс Фуст, рече дека германската владејачка коалиција во последните години ги пропушти можностите за зајакнување на економскиот раст.

„Важно е да се отвораат нови места во градинките, но владејачките партии не треба да прават такви инвестиции во момент кога не прават потребните инфраструктурни инвестиции во железничките пруги или далноводите“, рече Фюст за весникот „Welt am Zontag“. Тој исто така ја критикува владата за фрагментираниот пристап кон дигитализацијата и повика на напори насочени кон зајакнување на конкурентноста на германскиот автомобилски сектор, а не само да бидат насочени кон напорите за заштита на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП