28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамитот на АПЕК заврши со несогласување меѓу САД и Кина

Самитот на АПЕК заврши со несогласување меѓу САД и Кина

Самитот на земјите од Пацификот и Азија (АПЕК) заврши без официјално соопштение на лидерите, поради несогласување меѓу САД и Кина околу трговијата.

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Питер О’Нил, земјата домаќин на самитот, изјави дека двајцата гиганти во собата не успеале да се договорат, како и дека соопштението од самитот ќе биде дополнително издадено, пренесе Би-би-си.

САД и Кина моментално се во таканаречена трговска војна, на самитот изложиле конкурентни визии за регионот.

За време на самитот САД објавиле дека ќе ѝ се придружат на Австралија во развојот на морнарската база на Папуа Нова Гвинеја, со што се ограничува влијанието на Кина.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој бил присутен на самитот, рекол дека таа база ќе помогне да се стави крај на суверенитетот и поморските права на Пацифичките острови.

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера ја критикуваше политиката на сАД, наведувајќи дека државите кои го поддржувале протекционизмот биле осудени на неуспех.

Пенс подоцна му одговорил дека е подготвен двојно да ги зголеми тарифите наметнати за увоз на кинеска стока

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП