26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се поставите кон ирационалните колеги?

Како да се поставите кон ирационалните колеги?

На работа морате да бидете во интеракција со многу различни типови на личности. Доколку најдете начин да излезете на крај со нив, иако тоа не е воопшто лесно, вие тогаш многу сте направиле за својот тим. А доколку не, тогаш овие чекори ќе ви помогнат, наведува Форбс.

Покажете емпатија

Важно е да застанете за секунда и да си признаете на себеси дека секој има свои бубачки, па и вие, и дека понекогаш и самите покажувате знаци на ирационалност. Реалноста е дека постојат многу ситуации кои не прават напнати и дека не треба на никој да му се суди пред да зачекорите во неговите чевли. Никогаш не знаете какви приватни проблеми има некој, или слично. Започнете од тоа што ќе обрнете особено внимание на чувствата за друго лице и нема да ги коментирате на глас. Последната работа која ирационалното лице сака да ја слушне е дека нејзините уверенија не се добри или дека не е во право. Можеби не е во право но тие во тој момент ги доживуваат тие емоции и затоа ништо не им набивајте во лице.

Идентификувајте го причинителот

Ирационалните емоции и однесувања ескалираат, течат и опаѓаат. Некои луѓе се едноставно поподложни и ги доживуваат на различни точки. Ова однесување е често предизвикано со моментални и емоционални причинители. Запознавањето со причинителот и управувањето со истиот е вториот чекор на овој процес. За да го идентификувате причинителот во другите морате прво да ја најдете лошата ситуација која поттикнува негативни реакции во вашиот живот. Самосвеста е клуч за поврзување со другите и заземање на место во нивните животи. Доколку дознаете која е слабата точка или осетливата тема на колегата потрудете се да бидете многу внимателни кога станува збор за тоа.

Бидете ранливи и обидете се да остварите врска

Една од најголемите грешки која можете да ја направите со ирационалните колеги е борбениот став. Доколку се борите и се обидувате да покажете дека сте во право однапред водите залудна војна која се ќе срамни со земја. Одолејте му на искушението за општа добра состојба на деловната заедница. Како би оствариле согласност со ирационално лице, пронајдете го рационалното во себе. Обидете се да остварите врска со ваквото лице со цел да дојдете до остварување на заедничката деловна цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП