20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Брегзит ја зголемува потребата за банкарски гиганти во ЕУ

Бундесбанк: Брегзит ја зголемува потребата за банкарски гиганти во ЕУ

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ја зголемува потребата од создавање на банкарски гиганти во блокот, кои можат да се спротивстават на оние во Лондон и Њујорк. На такво мислење е германската централна банка „Бундесбанк“.

„Колку е поголем станува ризикот од „хард“ Брегзит, толку повеќе треба да се обидуваме да развиеме глобални „шампиони“ на континентот“, изјави Јоаким Вормелинг, член на Извршниот одбор на „Бундесбанк“ за „Bloomberg“. „Би било добро да се видат германските банки меѓу нив, и сигурен сум дека тоа ќе се случи“, додаде тој.

Деценија по светската финансиска криза европските банки се уште тргуваат само на дел од оценките кои контролираа во време на економскиот бум и многу од нив се уште размислуваат да преминат на следното ниво, потоа на обнова на својот бизнис. „Deutsche Bank AG“ ја задржува својата позиција како една од најважните за светскиот систем на банки, иако доживува тешкотии да го закрепне растот по серијата неуспешни стратегии.

Вормелинг одби да каже дали ќе го поддржи евентуалното спојување помеѓу одделни банки за да создаде голем заемодавач. Обединувањето на „Deutsche Bank“ и помалата „Commerzbank“ успеа да ја добие поддршката на некои претставници на власта во Берлин, кои би сакале да го видат создавање на финансиски лидер кој да го поддржи извозот на земјата пред почетокот на циклусот на економско забавување.

Европските законодавци се натпреваруваат со времето во обид да го елаборираат пазарот на капитал на блокот пред Брегзит кој може да доведе до ограничен пристап до Лондонските инвестициски банки и пазарната инфраструктура.

„Ако се спојат билансот на банките во Франкфурт, Париз и Даблин заедно, тогаш ние ќе можеме да се натпреваруваме со Њујорк“, изјави Вормелинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП