25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот кросовер на Skoda ќе се вика Kosmiq

Новиот кросовер на Skoda ќе се вика Kosmiq

Чешкиот производител „Skoda“ го регистрирал трговското име „Kosmiq“. Засега, компанијата не кажува кој модел ќе го добие ова име, но според досегашните информации, тоа ќе биде идниот компактен кросовер на брендот.

Моделот се очекува да се приближи до неодамна претставениот „Volkswagen T-Cross“. Името „Kosmiq“ совршено се вклопува во гамата на производителот од Млада Болеслав, кој во моментов ги вклучува моделите „Kamiq“, „Karoq“ и „Kodiaq“.

Идниот кросовер во голема мера ќе го повтори концептот „Skoda Vision X“ (фото) прикажан на парискиот саем на автомобили оваа есен. Неговата премиера ќе се одржи на саемот во Женева напролет, а сериското производство ќе започне летото 2019-та година.

Компактниот SUV ќе биде изграден на платформата „MQB A0“ и ќе добие стандардни единици за моќ што ќе ги користат автомобилите на „Skoda“ и „Volkswagen“. Тоа се бензински и дизел мотори со волумен од 1.0 до 1.6 литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП