25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно време со температура до 10 степени

Променливо облачно време со температура до 10 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег особено во јужните и западните делови.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

И утре ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на некои повисоки места. Во понеделик во текот на денот ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП