28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во ЕУ пораснала во откомври

Годишната инфлација во ЕУ пораснала во откомври

Малопродажните цени во ЕУ бележат годишен пораст од 2,2 отсто во октомври, објави Европското биро за статистика. Според Евростат, годишната инфлација во земјите членки пораснала 0,1 отсто во споредба со претходниот месец кога пораснала 2,1 отсто.

Официјалните податоци покажуваат дека годишната инфлација во ЕУ минатата година изнесувала 1,7.

„Најниски стапки на инфлација се забележани во Данска (0,7 отсто), Португалија (0,8 отсто) и Ирска (1,1 отсто)“, велат од Евростат.

Бирото за статистика вели дека највисоките годишни стапки се забележани во Естонија (4,5 отсто) и Романија (4,2 отсто). Минатиот месец,стапката на инфлација пораснала во 14 земји членки, а опаднала во осум во споредба со септември.

Во последните десет години највисока стапка на инфлација во ЕУ е забележана во јули 2008 (4,4 отсто), а најниска во јануари 2015 (-0,5 отсто) кога всушност цените паѓаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП