25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватската дијаспора лани во родната земја испратила над милијарда евра

Хрватската дијаспора лани во родната земја испратила над милијарда евра

Во Хрватска минатата година пристигнале 1,07 милијарда евра од странски дознаки, а 248 милиони евра биле испратени од Хрватска во други земји, се наведува во извештајот на Европскиот завод за статистика.

Од тоа произлегува дека Хрватска во 2017 година остварила суфицит во дознаките од 823 милиони евра. Од дознаките што минатата година пристигнале во Хрватска, износ од 566 милиони евра бил пратен од земји членки во ЕУ, а преостанатите 505 милиони доаѓаат од земји надвор од Унијата.

Од сите земји членки на ЕУ минатата година, кон другите земји во светот биле испратени парични дознаки во вкупен износ од 32,7 милијарди евра наспроти 31,8 милијарда во 2016 година, покажува извештајот на Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП