2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПосебен сообраќаен режим за викенд во Скопје поради автомобилски трки

Посебен сообраќаен режим за викенд во Скопје поради автомобилски трки

За време на претстојниот викенд, и во сабота и во недела, од 7 до 17.30 часот, Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Град Скопје, поради одржување на кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“.

Натпреварот, кој е во организација на „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе биде на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар .„Гоце Делчев“ и улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“ во Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар